Делегација на градската власт и Универзитетот од градот Гниезно – Република Полска, предводена од градоначалникот Јацек Ковалски денес и утре престојува во Охрид. Претпладнево, гостите од Полска ја посетија локалната власт при што беа водени разговори за соработка и воспоставување партнерски односи меѓу Охрид и Гниезно.


Покрај размената  на мислења за можностите за соработка првенствено во туризмот и културата, во која учестуваа и соработниците на двајцата градоначалници, првите луге на двата града, Петрески и Ковалски го потпишаа Протоколот за соработка.


Од страна на домаќинот беше прифатена поканата за возвратна посета во текот на годинава кога се очекува соработката мегу Охрид и Гниезно да добие конкретни форми на партнерски односи и соработка.Пријателската атмосфера со која беше проследена оваа посета на гостите од Полска и желбата за развивање плодна и долгорочна соработка, градоначалниците на Охрид и Гниезно ја надополнија и со размена на пригодни подароци – симболи на двата града, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews