Делегацијата на Светската здравствена организација (СЗО) оствари посета на ЈЗУ Општа болница Охрид.
Домашни официјални лица и меѓународни експерти од Велика Британија, Франција, Шпанија и Швајцарија преку технички средби, работилници и посети на терен ја спроведуваат националната мисија за оценување на болничкиот сектор во Република Северна Македонија, вклучително и во Охрид.
Во текот на посетата делегацијата не упати на софистицирани насоки за спроведување на нивната мисија за проценка на болнички капацитети, индентификувајќи области и можности за подобрување на капацитетите во насока на поддршка и зајакнување на стратешките цели на Министерството за здравство до 2030 година, обезбедувајќи здравствени реформи кои ќе бидат сеопфатни, проширени и кои ќе водат кон подобар систем во согласност со меѓународните одредници, потенцираат од Општата болница Охрид.
Посветени сме, велат од Општата болница, на поддржување на иновативни пристапи во кои пациентот е секогаш во центарот на вниманието.
Посетата на делегацијата на Светската здравствена организација на нашата земја се реализира во периодот од 11 до 15 март.
OhridNews