Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски беа во работна посета на Будва и Котор, каде остварија средби со градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот, Маја Мршуља.
Градоначалникот Јокиќ истакна дека е горд на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови и дека во иднина соработката ќе добие се покреативен облик. Охридските и останати претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност кон понатамошниот развој на воспоставената соработка, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека посетата била реализирана по повод одбележување на патрониот празник на Котор.
OhridNews