Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровц, Република Србија, на традиционалната манифестација “Жупска берба–2018“.
На традиционалната манифестација која датира од 1963 година, учествуваа повеќе од 400 илјади гости. Посетителите имаа можност да присуствуваат и на бројни концерти, изложби и да го посетат уникатниот Музеј на винарство и лозарство.
На средбите со градоначалникот Југослав Стајковац и претседателот на Советот на Општина Александровац, Тома Савковиќ, беа потврдени одличните односи на Охрид и Александровац со искрени заложби за нивно понатамошно продлабочување.