Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али бил нападнат со нож, а вредни и скапоцени работи биле земени од неговиот дом од страна на две непознати лица. Англискиот репрезентативец имал расекотини на лицето бидејќи им се спротиставил на крадците, кои, заминале во непознат правец.
Крадците влегле во собата од Деле Али додека во куќата во истиот момент биле неговата девојка, брат му и девојката и уште едно лице.
Полицијата е алармирана 35 минути после полноќ за грабеж во Северен Лондон. Две машки лица недозволиво влегле на туѓ имот и украле вредни и скапоцени работи. Сопственикот на куќата, момче претрпел лесни телесни повреди во текот на нападот. Немаше потреба да се укаже лекарска помош. Полицијата ќе даде се од себе да го расчисти овој случај. – информираше полицијата од Лондон.
Англиските премиерлигашки ѕвезди се честа мета на провалници. Неодамна во својот дом крадци затекна поранешниот фудбалер на Арсенал и Челси, Ешли Кол.
OhridNews