11 века Македонија е значаен верски, духовен и просветителски центар, од кој во христијански свет се ширеле многу духовни и културни вредности, беше истакнато на Меѓународен симпозиум по повод 1.100-годишнината од смртта на Свети Наум Охридски, што денеска започна во Охрид. Во работата на Меѓународниот симпозиум што се одржува во организација на Дебарско-кичевската епархија и Македонската православна црква, учествуваат педесетина научни работници и експерти од Македонија, Србија, Бугарија и Русија.


Во своето обраќање пред учесниците, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски истакна дека македонскиот народ и другите етнички заедници кои денес живеат во Република Македонија, може да се пофалат дека на овој простор живееле и создавале великани како што се Светите Браќа Кирил и Методи, Свети Наум и Свети Климент.

– Делото и животот на Свети Наум сè уште се предизвик за многу сериозни научни истражувања. Верувам дека токму сега, кога одбележуваме 11 века од неговото упокојување тоа ќе биде дополнителен мотив, пред сè за младите, да продолжат да го истражуваат неговото дело и да создадат нови научни дела, рече Вељаноски.


Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, истакна дека денес  му се одава достојна почит на грандиозното дело на Свети Наум – на големиот мисионер, просветител, подвижник, светител, чудотворец.

– Светото дело и духовниот подвиг на Свети Наум Охридски-Чудотворец дури и денес зрачат и остануваат да бидат предизвик и пример за следба во монаштвото и мисионерството, во книжевноста и просветата, но и во богољубието и човекољубието, истакна архиепископот Стефан.

Св. Наум Охридски – Чудотворец бил упокоен на  23 декември 910 година и бил погребан на јужната страна на храмот на манасторот што самиот го изградил. На погребението чиноначалствувал неговиот брат, Свети Климент, Архиепископот Охридски. 

OhridNews

Вредните икони со портрети на Св. Наум Охридски за прв пат пред јавноста


Промовирана книгата “ Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов”