Вкупно 32 уметнички дела од 19 роднокрајни умeтници се изложени во рамки на изложбата која беше отворена вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Оваа изложба беше дел од програмата за одбележување на празникот Свети Климент Охридски-патронот на Охрид.

Љубителите на уметноста имаа можност да видат слики со различна тематика, кои се изработени во неколку ликовни техники и кои имаат висока уметничка вредност. Освен слики, во рамки на изложбата се изложени и скулптури кои се изработени од најразлични материјали.

Оваа изложбена поставка ќе биде отворена за разгледување до 18-ти декември 2014 година.

OhridNews