На културна манифестација која деновиве се отвори во Абу Даби – Обединети Арабски Емирати под името Месец на Македонска Уметност во галеријата Abu Dhabi Art Hub, покрај четворица други ликовни уметници од Македонија, претставени се и дела на охридските уметници Вангел Наумовски, Рубенс Наумовски и Јана Наумовска. Изложбата ја отвори амбасадорот на Р.Македонија во ОАЕ Сашо Ташевски.
Вангел Наумовски е претставен со 3 уметнилчи слики масло на платно и 3 акрилици на хартија.
Рубенс Наумовски е претставен со 7 слики масло на платно, а Јана Наумовска со 3 слики масло на платно.
Ова е за првпат уметници од три генерации на фамилијата Наумовски да излагаат заедно, прв пат во Абу Даби и прв пат Јана Наумовска да се претстави со свои дела пред јавност.
OhridNews