Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.
Путин е воен злосторник, истакна дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Темпс“ (Le Temps).
Издавањето налог за апсење не значи дека Путин ќе заврши зад решетки.
Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да се случи. Но, тој не можеше да ја напушти земјата и тоа би бил силен сигнал за него дека има многу држави против себе, наведе дел Понте.
OhridNews