Во централното градско подрачје, од поодамна стои искршен рекламен билборд. Според граѓаните, ваквата „глетка“ негативно влијае на репутацијата на градот. „Објектот повеќе од 6 месеци е искршен. До сега никој од надлежните не реагирал. Ние како граѓани не знаеме каде да се обратиме, но аплелираме до надлежната компанија да го реши овој проблем. Во градот секојдневно поминуваат туристи. Среќа што не знаат дека објектот е демолиран и така оставен повеќе месеци“ – истакнуваат околните дуќанџии.
Од приватната компанија во чија сопственост е овој објект, поради работни обврски не беа достапни да ни одговорат на прашањето, уште колку ќе се чека за да се врати рекламниот билборд во првобитната состојба.
Исто така, граѓаните реагираат на билбордите на булеварот „Туристичка“, кои се со застарена рекламна содржина. „Мислам дека е несоодветно да се рекламира нешто што веќе поминало. Барем нека ги отстранат рекламите за настаните кои се случија изминатово лето“ – вели наша сограѓанка.
Иако на овој рекламен билборд го пишува сопственикот, оттаму информираат дека не се надлежни за овој билборд, и не упатија да го бараме вистинскиот сопственик, кој тие не го познавале.