Незадоволни од владината одлука за селективна финансиска помош на традиционалните медиуми локалните и регионалните радиодифузери, на 3 јуни отпочнаа со штрајк со делумен прекин на програмата, секој ден од 19-20 часот.

Штрајкот на локалните и регионалните телевизии уследи откако Владата на 30 мај ддонесе уредба со законска сила според која средства од Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 се пренаменуваат за поддршка на одредени медиуми. Со оваа уредба на петте национални телевизии (Канал 5, Сител, Алфа, Телма и Алсат – М), како и на останати шест регионални телевизии кои имаат дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, Владата ќе им покрие годишен трошок кон операторот А1 во висина од над половина милион евра.

Здружението Медиум Објектив кое ги застапува телевизиите кои се во штрајк, најави дека тој ќе трае се додека Владата не донесе нова уредба со која ќе ги помогне сите радиодифузери.

Со одлуката на Владата за помош на медиумите не се опфатени и радијата и онлајн медиумите.

OhridNews