Неделкоски заедно со уште неколку колеги од други градови вчера во Скопје на прес конференција најави формирање на ново здружение на бранителите „Бедем“.
Претседателот на „Достоинство“ Горан Ангелов, итакна дека нема никакво масовно истапување на членството, туку дека се работи за смислено сценарио за раздор помеѓу бранителите.
– Знаеме од кого и зошто е формирано здружението „Бедем“ и немаме намера во иднина да губиме време со нив.- рече Ангелов. Тој истакна дека „Достоинство“ го напуштиле само 7-8 лица, и најави дека доколку тие успеат во новата организација да привлечат толку членови колку што најавуваат, ќе си поднесе оставка.