Поради голем дефект на електричната мрежа, делови од градот од 21 часот и 40 минути се во мрак.
Без електрична енергија се повеќе населени места во и надвор од Охрид. Како што дознава Ohridnews, причина за немањето електрична енергија е големиот дефект на 110 киловолтната станица од каде со електрична енергија се обезбедува целиот град.
Екипи на ЕВН-подружница Охрид се на терен и интензивно работат на отстранувањето на дефектот.
Булеварот „Туристичка“ на влезот од Охрид вечерва
Ohridnews