Финишира украсувањето на Охрид за новогодишните празници. Екипи на јавното комунално претпријатие и на специјализирани компании веќе шести ден интензивно работат на украсувањето на градот. Светлечки и новогодишни реквизити се поставуваат на повеќе улици не само во центарот на градот, а се украсуваат и чаршијата и плоштадот.


Охрид во новогодишно руво

Дел од улиците во Охрид синоќа изгледаа прекрасно. Се очекува украсувањето комплетно  да биде завршено до утре.


украсувањето се очекува комплетно да заврши утре

Се украсуваат и домовите, дуќаните, училиштата. Првоодделенците во ОУ „Григор Прличев“, вчера ја накитија елката во својата училница. Учителката само ни подаваше лампиони, а ние сами ја накитивме елката, ни рекоа малите основци од „Григор Прличев.


проводделенците од „Григор Прличев“ ја накитија елката

ohridnews
фото: Васко Бујароски