Фракцијата во политичката партија Сојуз на Египќани предводена од потпретседателот Демир Далип, денеска на заедничка прес-конференција со ВМРО-ДПМНЕ  јавно ќе им даде поддршка на кандидатот за градоначалник на Охрид од ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче и на кандидатот за претседател од оваа парија, Ѓорѓе Иванов.

И покрај досегашните изјави преку медиумите, сепак, Далип нема да се кандидира за градоначалник.

„ Ја отфрлив кандидатурата  зашто сме во специфичен политички момент. Многу е важно да се избере соодветен градоначалник кој ќе работи во интерес на Египќаните, но и на другите помали етнички заедници. Имам доверба во господинот Трендафилов-Нанче дека ќе направи многу за нас“, изјави Далип.

Прес-конференцијата ќе се  одржи денеска во Центарот за комуникации на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со почеток во 11 часот.

Ohridnews