Подрачните единици на министерствата за земјоделство и за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Управата за водење матични книги и Центрите за социјална работа, започнувајќи од месец април, ќе работат секоја прва сабота во месецот од 8.30 до 16.30 часот.

Оваа одлука Министерството за труд и социјална политика ја донесе деновиве, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои што не можат да отсуствуваат од работа во текот на работните денови од неделата, за да завршат дел од административните работи, како што се вадење на документи, поднесување на барања и апликации, како и подмирување на дел обврските кон државата.

OhridNews