Две перничиња за авионски седишта на брегот од морето пронајдоа спасувачките екипи во новата потрага по исчезнатиот авион „Пајпер Малибу“ во кој беа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.

Местото каде што исчезна авионот спасувачките екипи го пребаруваат со софистицирана опрема и подморница и веруваат дека деловите се од авионот кој исчезна минатиот понеделник на 21 јануари.

Спасувачките екипи ќе продолжат со потрагата која најпрво британските власти ја прекинаа поради немање шанси да има преживеани. Фудбалерите ја покажаа својата големина и собраа финансиски средства за продолжување на потрагата по авионот кој мистериозно исчезна.

Сала и пилотот на 21 јануари вечерта тргнаа од Нант за Кардиф, а после одреден период авионот се изгубил од радарот и тогаш нема никаква трага. Екипите во Премиер лигата не сакаа да носат црни ленти, а фудбалерите на Кардиф на синоќешниот меч со Арсенал носеа жолти ленти како знак за поддршка.

OhridNews