Бранителот на Жил Риме купот, Италија се најде во Ф групата заедно со Парагвај, Словачка и Нов Зеланд. Селекторот на Италија, Марчело Липи, е задоволен од ждребот, но предупреди дека ова воопшто не е лесна група како што изгледа на прв поглед.
– Секој противник е тежок кога вие го сметате за лесен. Парагвај заврши како првопласиран во јужноамериканските квалификации. Тоа воопшто не е лесен противник. Словачка исто одигра одлични натпревари и победи многу силни противници. Задоволни сме од ждребот, но тоа не значи дека ја сметаме нашата за лесна група. – заврши Липи.
Италија на отварањето на Мундијалот ќе игра против Парагвај, додека Словачка ќе игра против Нов Зеланд.