Легендарниот „Робин Релиант“ од Дел Бој, од легендарната серија Сплетки (Only Fools and Horses), наместо во отпад оди на аукција на која би можел да достигне цена од 35.000 евра.
Популарното возило со три тркала од британската хумористична серија „Сплетки“ се уредува пред аукцијата во Бонхамс. Ќе му припадне на најдобриот купувач со највисока понуда. Кородираниот „Робин Релиант“, кој последен пат се движел на снимањето на Божиќното специјално издание во 2002 година, би можел да достигне цена од 35.000 евра.
Доаѓа во комплет со легендарниот натпис “Trotters Independent Trading Co. New York, Paris, Peckham”, коцка од крзно и прекривачи од леопардова кожа. Има и апарат кој исфрлува облак од чад од ауспухот, кој беше карактеристичен за Дел Бој, кој го глумеше Дејвид Џесон. Во багажникот има и кукли на дување, кои за разлика од оние во серијата, нема да експлодираат.