Во уште една ноќ на холивудскиот гламур, на синоќа одржаните Златни глобуси, холивудските убавици во најголем дел го сокрија својот сексипил. Сепак, Софија Вергара се одлучила за посмела комбинација. Повеќето од нив пристинале пристојно облечени, а само неколку од нив успеале да внесат малку сексипил во своите комбинации.

Меѓу оние кои се истакнаа секако е Риз витерспун која се појавила во тесен светло син фустан нагласувајќи ги своите гради, а големо внимание привлече и џилија Луис-Драјфус со едноставен деколтиран црвен фустан. Апсолутно првото место во сексипил го заработи Софија Вергара. Додуша, не е во прашање нејзиниот фустан за црвениот тепих, туку длабокото деколте кое го избра за нејзиниот афетерпарти.