Веројатно и птиците на гранките знаат дека е исклучително живо овие денови на Азурниот брег, каде се одржува филмскиот фестивал во Кан. Затоа бројни славни и познати личности пристигнуваатда ги промовираате своите филмови, но и да уживаат во раскошните забави кои ни малку не недостигаат.


На премиерата на цртаниот филм Мадакаскар, многумина не останале рамнодушни од изданието на актерката Селма Хајек. Прекрасната Мексиканка пристигнала во друштво на сопругот Франсоис-Анри Пино и речиси ги засенила сите останати со своето бујно деколте. Облечена во црн тесен фустан со сребрени додатоци, Селма како едвај да можела да дише, а градите останале забележани во заводливото издание во кое се појавила 45-годишната актерка.