Дејзи Ридли наводно ќе ја игра Лара Крофт во претстојниот римејк на „Томб Рајдер“. Оваа 23-годишна акерка така ќе ја замени Анџелина Џоли, која пред 15 години го толкуваше ликот на опасната авантуристка од истоимената видео игра. Британската актерка практично преку ноќ постигна планетарен успех благодарение на улогата во филмот „Војна на звездите: Епизода 7 – Будење на силата“.
Оваа убавица водеше прилично скромен живот со своето семејство во Лондон. Пред да ја добие улогата на хероината Реј во новото продолжение на култната научнофанстастична франшиза, имаше само помали улоги во две серии и еден филм. Малку кој можеше да претпостави дека во „Војна на ѕвездите“ ќе успее да ги засени холивудските ветерани како Харисон Форд. За својата изведба доби само пофалби, а оние кои соработуваа со неа велат дека сеуште не е свесна каква величевствена иднина ја чека.