Иако во вторникот го виделе со риалити ѕвездата Џес Импиаци, поранешниот вереник на Кели Брук тврди дека тие двајца и понатака се заедно. Дејвид Мекинтош (28) и британската манекенка веќе неколку пати раскинувале и се смирувале, а како што тврди Дејвид, и овој пат се смириле. Мекинтош вели дека тој и Кели се лудо заљубени.
-Без оглед на се што се случува, не можеме да поднесеме да сме одвоени. Повторно сме заедно – изјавил Дејвид. Парот за време на викендот заедно го прославил 35-тиот роденден на Кели.
Пред само неколку дена се нагаѓало дека Кели е во врска со нов дечко, Џејмс Крабтреј.