Познатиот американски ток шоу водител Дејвид Летерман се повлекува од местото водител на популарната емисија “Late Night” која полни 22 година ја водел на CBS, јавуваат светските агенции. Рекол дека сеуште нема прецизен датум за оваа долука.
Додал дека шоуто ќе потрае најмалку уште година дена, но во еден момент, во не така далечна иднина, односно најверојатно во 2015, тој и Пол ќе завршат со соработката, алудирајќи на музичкиот директор на шоуто Пол Шафер. Неговата одлука следи откако на почетокот на февруари неговиот долгогодишен ривал Џеј Лено ја напуштил својата емисија “Tonight Show”.