Дејвид Гилмур ќе објави нов соло албум следната година. Членот на легендарните Пинк Флојд тоа го потврдил за списанието Ролинг Стоун, истакнувајќи дека снимањето на новото остварување би можело да почне наскоро. Неговиот последен самостоен студиски проект „On an Island“ е објавен во 2006 година.
Гилмур исто така нагласил дека и новиот албум на групата Пинк Флојд „The Endless River“, кој наскоро ќе се најде во продажба, ќе биде и дефинитивно последен и дека ќе биде тешко да се оди на турнеја без покојниот клавијатурист Рик Рајт.