Светски познатиот ди џеј Дејвид Гета од напорниот работен ритам се одмара во Мајами, во друштво на непозната девојка. Тој ги впивал сончевите зраци и уживал во морските радости со непозната девојка која го покажала затегнатото тело во дреч зелено бикини. Во каков однос се тие двајца не е познато. Но сите се запрашале која всушност е девојката која ужива во друштвото на познатиот ди џеј.

Инаку, Гета е во долгогодишен брак со Кети Гета, со која неодамна прославил 22 години од бракот. Кети е успешен продуцент и менаџер на бројни светски клубови, а сопружниците имаат и две деца, Тим Елвис Ерик и Енџи.