Ди џејот Дејвид Гета работи на нова песна со Нил Роџерс, американскиот композитор, аранжер и гитарист, кој со составот „Дафт Панк“ го снимил хитот “Get Lucky”. Гета, кој ќе настапи на овогодинешниот Егзит фествал во Нови Сад, останал со Роџерс во студиото до два часто наутро.
Нил рекол дека било неверојатно, како да се вратиле во осумдесеттите, кога едвај чекал да тестиран нова песна пред публиката, пред да ја објави на новата плоча. Како што пренеле медиумите, во прашање е нумера во денс ритам, а Гета претставувал додаток кој ќе донесе посебна енергија.