Дејвид Гета се разведе од својата сопруга Кети. Според пишувањата на француските медиуми, нивниот 24-годишен брак и официјално бил завршен минатата седмица во Париз, но ни познатиот диџеј ниту неговата сопруга, менаџерка на ноќни клубови, не биле присутни на сослушувањето, бидејќи поради работни обврски биле во Лос Анџелес.

Сеуште не е позната причината за разводот, но се очекува дека тие двајца ќе продолжат професионално да соработуваат. Се запознале далечната 1990 година во еден париски ноќен клуб, а подоцна истата година се венчале. Имаат две деца, десетгодишниот син Тимо и шестгодишната ќерка Енџи. Во август 2010 година славниот пар ги обновил брачните завети во склоп на прослава на 20-годишнината од бракот на интимна церемонија на Ибица во присуство на семејството и пријателите.