Францускиот ди џеј и продуцент Дејвид Гета бил прогласен за најдобар ди џеј на светот за време на една денс журка во четвртокот ноќта во Амстердам. Тој ласкавата титула ја освоил благодарение на гласовите на читателите на британското списание за електронска музика “D Mag”.
Гета првото место го презел од холанѓанинот Армин ван Бурен, која таа позиција ја држел во последниве четири години. На третото место се нашол Тиесто, а потоа следувале Дедмаус, Абов енд Бијонд, Авичии, Афроџек, Дас Берлин, Маркус Шулц и Сведиш хаус мафија.