Еден од најпознатите светски диџеи и продуценти, Дејвид Гета, останал без возачката дозвола и тоа до крајот на животот. Причината била честото кршење на сообраќајните правила, а најмногу казни добил поради пречекорување на брзината.


Иако Гета истакнал дека не е љубител на луксузни и брзи автомобили, страста за брзина очигледно му била преголема. Бидејќи француската полиција стриктно се држи до прописите и законите, на Дејвид му останува да го заземе совозачкото место во својот автомобил, а на управувачкото би можела да седне неговата сопруга Кети.