Дејвид Духовни, кој се прослави со улогата на ФБИ агентот Фокс Молдер во серијата „Досиеа Икс“, доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд, само еден ден откако популарниот научно-фантастичен серијал се врати со нова сезона на американските телевизии. Актерот, кој како Фокс Молдер заедно со партнерката Дејна Скали, која ја игра Џилијан Андерсон, се врати на малите екрани на воодушевување на обожавателите на серијата, се пошегува дека целиот тој настан е надреален и дека овој момент за него е надреален.

 

Изјави дека никогаш не е сигурен во успехот, но е сигурен дека направија една навистина добра серија. Духовни, за улогата на агентот кој истражува паранормални појави во 1997 година освои Златен глобус, а потоа уште еден во 2008 година за улогата на Хенк Муди во хит серијата Калифорникација.