Британскиот рок музичар Дејвид Боуви денес го слави 69. роденден со новиот албум “Black Star”, после три години пауза. Боуви кон крајот на ноември го објави првиот сингл и спот од новиот албум, чија музика е сврстена во уводната шпица и трејлерот на серијата “The Last Panthers”, која од октомври се емитува на некои канали во Европа. Новиот, 28. албум на уметникот има седум песни, со вкупно траење од 45 минути. Песните имаат компененти од џез и ритам секција како германскиот бенд „Крафтверк“, пионерите на електронската музика. Претходниот албум на Дејвид “The next day” излезе во 2013 година после десет години пауза, бидејќи музичарот имаше срцеви проблеми.
Култниот музичар е познат по менувањето на имиџот и стилот. Неговиот албум “The rise and fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars” од 1972 година го издигна во голема британска и светска музичка ѕвезда. Музичарот инспирација за ликот на Зиги Стардаст најде во вистинска личност, британскиот рокенрол пејач Винс Тејлор кој после нервниот слом почна да верува за себе дека е преодно суштество меѓу Бог и вонземјаните. Боуви, чие вистинско име е Дејвид Роберт Хејворд-Џоунс, објави 25 албуми, меѓу кои најпознати се “Space Odity” (1969), “Heroes” (1977), “Scary Monsters and Super creeps” (1980), “Let’s DAnce” (1983), “Never let me down” (1987) и “Tin Machine” (1990).