Пол Тринк, кој наскоро кој ќе ја објави биографијата на Дејвид Боуви тврди дека популарниот музичар нема повеќе да свири и дека веќе е во пензија. Пол тврди дека Боуви ќе се врати на сцената само доколку би можел да и понуди на публиката нешто големо. Дејвид Боуви не објавил албум уште од 2003 година кога го издал „Reality“.


За време на последната турнеја во 2004 година Дејвид Боуви бил примен во болница поради болки во градите и тогаш му било речено дека преживеал благ инфаркт. Лекарите го посоветувале да се смири, па оттогаш имал само кратки настапи.