Дејвид Боуви ќе објави нова книга во која е бидат фотографии од неговата приватна архива. Книгата ја нарекол „Боуви Објект“, а на неговата официјална веб страна го потврдил издавањето, но не е соопштен точниот датум.
Ќе ја издаде во различни бои, а во неа ќе се најдат и сто слики кои го опишуваат неговиот приватен живот. Книгата е дизајнирана од Бранбрук, а известиле дека и самиот Дејвид учествувал во нејзиното правење. Тоа ќе биде првата од серијата книги за Дејвид Боуви.