Дејвид Бекам го покори светот на фудбалот и модата, а сега се припрема да го освои и Холивуд. Имено, професионалниот фудбалер се согласил да одигра мала улога во филмот на својот пријател Гај Ричи „Витезите на тркалезната маса: Крал Артур“.

 

Бекам ќе глуми водач на средновековни граѓани во сцена во која идниот крал на Англија Артур со леснотија го извлекува мечот од каменот. Ова не е прва филмска улога на Бекам. Тој игра споредна улога во уште еден филм на Ричи „The man from U.N.C.L.E“, чија премиера е закажана за август.