Елеганцијата на Дејвид Бекам критичарите секогаш ја фалат, а сега добил и официјално признание за својот стил. Модната куќа „Austin Reed“ го прогласила за најсексипилен маж во одело. Од модната куќа рекле дека неговиот стил е едноставно совршен. Второто место му припаднало на Џорџ Клуни а третото на Даниел Крег.
Водечката позиција на која се нашол Дејвид не изненадува, со оглед дека е во брак со жената која поседува многу истенчен вкус за мода, како женска така и машка. Викторија Бекам се грижи како за својот, така и за стилот на целото семејство.