Дејвид Бекам минатиот четврток се враќал од Лондон во Лос Анџелес. Полицијата го задржала на испитување на аеродромот во Лос Анџелес. Англискиот фудбалер им бил сомнителен бидејќи носел преголем багаж.


Носел 12 куфери. Иако се жалел на своето обезбедување, го пуштиле дури после три часа. Се зборува дека Дејвид започнал да оди на говорни вежби бидејќи е незадоволен со својот тенок глас. Поради него не се чувствувал доволно мажествено.