Дејвид Бекам не ја крие својата опсесија за тетовирањето. Фудбалерот одлучил своето тело да го украси со својата 21 тетоважа по ред. Најновиот украс на неговоте тело ќе се наоѓа на градите. За тетоважата да испадне што подобра, Бекам шест часат трпеливо седел на столот за тетовирање. Фотографија од процесот на тетовирањето ставил на својот фејсбук профил.


Не открил што ќе претставува новата тетоважа. Неодамна изјавил дека би имал и повеќе цртежи по неговото тело, но дека тоа не и се допаѓа на неговата мајка. Новата тетоважа ја направил кај најпознатиот уметник во Холивуд, Марк Мелони. Негови други познати клиенти се Анџелина Џоли, Бред Пит и Бритни Спирс.