Фудбалерот Дејвид Бекам одлучил по фудбалската кариера да заплови во водителските води, па започнал да снима детска спортска емисија. Како што изгледа, тоа е чекор поблизу до актерска кариера, за која многумина го советуваат. Емисијата ќе има за цел да ги привлече младите од Велика Британија и целиот свет да започнат да се занимаваат со спорт.
Серијата ќе се емитува во живо, а покрај Бекам, ќе се појави и спринтерот Дерен Кембел, олимписката легенда Џесика Енис-Хил, како и параолимпичарот во рагби Стиви Браун. Бекам рекол дека негова амбиција е да ги инспирира младите луѓе да се занимаваат со спорт. Бил возбуден што сега ќе има можност тоа да го стори, посебно со помош на неговите сјајни колеги.