Фудбалерот Дејвид Бекам во емисијата кај Џонатан Рос изјавил дека би сакал тој и Викторија да добијат петто дете. Славниот фудбалер, кој бил среќен поради раѓањето на нивната ќерка Харпер по три сина, тврдел дека сака да има уште деца. Рекол дека биле пресреќни кога дознале дека ќе добијат девојче.
Додал дека кога имате три сина очекувате и четвртото дете да биде момче, но кога дознале дека чекаат девојче биле пресреќни. Сега сакал уште деца, бидејќи тој и неговата сопруга ги сакале децата и им било многу убаво со нив.