Американското списание Пипл го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за најсексипилен маж на светот. Бекам изјави дека тоа е голема чест. Титулата ја прими на 30. роденден на списанието и додаде дека е многу задоволен што може да ја прифати таа награда. Познатиот фудбалер и сопруг на дизајнерката Викторија Бекам во јавноста е веќе долго познат, како по умешноста на фудбалскиот терен, така и по својот добар изглед.

 

Бекам,кој има снимено реклами за Пепси и Адидас, а во реклама за Џорџо Армани позираше само во долна облека, изјави дека и покрај тоа себеси не се гледа како атрактивна и сексипилна личност. Истакна дека сака да носи убава облека и убави одела, како и да изгледа и да се чувствува добро, но за себе не мисли дека е нешто посебно привлечен. Неговата сопруга со задоволство на прифати неговата нова титула.