Славниот фудбалер Дејвид Бекам одлучил да го продаде својот црн „ролс ројс фантом“ купе, уникатен автомобил кој има специјална дополнителна опрема, а кој бил купен во 2008 година. Овој автомобил бил дел од црниот возен парк на Бекамови, на кој припаѓаат и „ренџ ровер“, „порше 911“ и „џип вранглер“. Ѕвездата на фудбалскиот тим Лос Анџелес Галакси одлучил да го продаде автомобилот кој е многу популарен во Лос Анџелес, каде моментално тој живее со своето семејство.

Со оглед на тоа што таков автомобил не бил практичен за човек со четири деца, Дејвид Бекам одлучил да го продаде, но рекол дека останува верен на таа марка автомобили. Како што се зборува, тој веќе чекал на нов „ролс ројс“ модел „goust“. Претставникот на фирмата која посредува во продажбата рекол дека Бекам е единствен фудбалер кој поседува единствен автомобил, а ова била единствена шанса да купите едно фантастично возило.