Фудбалерот Дејвид Бекам ја продава својата колекција автомобили вредна повеќе од 790 илјади долари, пренеле британските медиуми. Во колекцијата се наоѓаат два автомобили Бентли, BMW 645, Ренџ Ровер Спорт и неговиот Ламборџини Галардо, кој фудбалерот го купил за повеќе од 268 илјади долари, како и три мотори Харли Дејвидсон.

Бекамови исто така планираат да ја продадат и луксузната вила во областа Хертфоршир во Лондон, која британските медиуми ја нарекле Бекингемска палата, по примерот на Бакингамската палата. Се шпекулира дека вилата вреди околу 28,4 милиони евра. Исто така планираат да ја продадат и вилата во Франција, вредна околу 3,9 милиони долари, како би се фокусирале на животот во Лос Анџелес со своите синови Бруклин, Ромео и Круз, како и со ќерката Харпер.