Намалку пет лица биле повредени во Шангај во стампедо кое настанало кога околу 1000 навивачи се обиделе да дојдат до поранешниот капитен на англиската репрезентација Дејвид Бекам. Студенти и фанови на фудбалерот се обиделе да ја провалат капијата и да влезат на теренот на универзитетот Тонди, каде Дејвид Бекам требало да одигра ревијален натпревар помеѓи универзитетскиот тим и локалниот фудбалски клуб.

Бекам минатата година неколку пати бил во Кина и бил прогласен за амбасадот на фудбалот во оваа азиска земја поради доприносот за развојот на овој спорт. Рекол дека кога прв пати одел во Кина како амбасадор бил свесен за минатото. Додал дека многумина го прашувале зошто сака да има врска со нешто што претходно било поврзано со корупција, а тој рекол дека тоа е минато и сакал да гледа во иднината.