Познатиот пар, Викторија и Дејвид Бекам официјално потврдиле дека очекуваат девојче и дека се пресреќни поради тоа, со оглед на тоа дека веќе имаат три сина. Познатиот фудбалер ги потврдил медиумските шпекулации и изјавил дека неговата сопруга дефинитивно носи девојче.
Тој додал дека и синовите биле пресреќни и дека Викторија прекрасно се чувствувала. Викторија би требало да се породи во јули, а парот веќе ги има трите сина Бруклин, Ромео и Круз. Тие сеуште не откриле кое име планираат да му го дадат на девојчето.