Дејвид Бекам открил дека планира да отвори ресторан во Лондон со познатиот светски готвач Гордон Ремзи. Фудбалерот е возбуден што започнува бизнис во кој нема искуство.
– Гордон и јас сме многу добри пријатели и наскоро ќе започнеме заеднички проект. Ќе биде забавно да се води ресторан- изјавил Дејвид. Бекамови редовно се дружат со Ремзи и неговата сопруга Тана. Дејвид веќе посетувал часови за готвење за да се припреми за новата работа.