Дејвид Бекам изгубил контрола на моторот на сред Сансет Булевар во Холивуд овој четврток обидувајќи се да ги избегне папараците, пренесуваат американските медиуми. За среќа, брзината не била преголема па славниот фудбалер минал без повреди, а несреќата му се случила кога напуштал еден салон за тетовирање.

Моторт му се излизгал од едната страна на улицата до другата, а потоа на помош му пришла екипата од салонот. Неименуван извор рекол дека Бекам паднал од моторот како би избегнал возило кое одеднаш се појавило пред него во целата ситуацијата поради фотографите кои го следеле. Истиот извор рекол дека не му е ништо и дека минал без повреди.