Автобиографијата на познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам ќе се појави во книжарите на есен, соопштила британската издавачка куќа Хедлајнс. Познатиот играч кој се повлече од фудбалот во мај откако кратко време играше се Пари Сен Жермен, ќе ја издаде својата четврта автобиографија на 31 октомври. Од Хедлајнс изјавиле дека Бекам без сомнение е најпризнатиот и најпопуларниот спортист на планетата, а оваа сјајна книга ќе биде за милионите негови фанови ширум светот начин да ги прослават неговите неверојатни достигнувања во фудбалот.
Бекам за време на својата кариера 115 пати настапувал за националната селекција. Освоил вкупно 19 трофеи, од кои десет се национални првенства. Ги бранел боите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, Лос Анџелес Галакси и Пари Сен Жермен. По 20 години активно играње, англичанецот се повлекол од фудбалот, но како шампион во четири различни држави.