Дејвид Бекам ја следел ревијата на својата сопруга Викторија од првиот ред и тоа во друштво на една од најмоќните жени во модната индустрија, Ана Винтур, на актуелната седмица на модата во Њујорк. Тој и дал поддршка на својата сопруга на претставувањето на нејзината колекција за есен-зима 2013-2014, и тоа во друштво на уредничката на списанието „Вог“, Ана Винтур. Ледената кралица на модата, како многумина ја нарекуваат, како и секогаш не ги вадела своите темни очила додека ја следела ревијата на Викторија, која веќе добила одлични критики.

Ревијата била одржана во просториите на Њујоршката јавна библиотека, и додека модните критичари ги запишувале своите впечатоци, Дејвид будно ги гледал манекенките кои шетале по пистата. Викторија, како што налага обичајот, на крајот излегла да се поклни пред публиката, а Дејвид бил првиот кој зад сцената и честитал на уште еден голем успех.