Викторија Бекам одлучила да се погрижи нејзиниот сопруг Дејвид да има совршена линија за летото кое претстои. Наводно славната дизајнерка својот сопруг и нивните деца, Бруклин, Ромео, Круз и Харпер одлучила да ги стави на исхрана која нема да содржи нездрави состојки. Според американските медиуми, Дејвид малку се здебелил бидејќи често јадел нездрава храна, па Викорија одлучила тоа да го промени.

 

Извор близок до парот рекол дека тој не сака да биде оптеретен со тоа што смее а што не смее да јаде, и токму поради тоа некогаш шверцува храна во куќата додека Викторија не гледа. Изворот додал дека таа одлучила да престане да купува грицкалки и слатки за децата, бидејќи на крај секогаш тоа го јадел поранешниот славен фудбалер.